Тераграмин се сели на Југ!
По успешната работа на терен во Пелагонија каде што бевме инволвирани од почетокот на годината уште од производството на расадот за тутун и пиперка, па сѐ до нивното расадување на нива преку подготовката на почвата со Тераграмин пред садењето на тутунот и пиперката, полека се селиме на Југ! Почетокот на јули во јужните краишта на нашата држава е резервиран за производството на расад за доцна зелка. Сакаме овој успешен проект реализиран со локалните земјоделци во Пелагонискиот регион, да го имплементираме и во други региони.
Употреба на Тераграмин при подготовката на леите за производство на расад за зелка и кромид во јужните краишта на државата имаме од минатата година. А искуствата се секако позитивни. Директната работа со земјоделците на терен дава најголем резултат и земјоделците брзо ја прифаќаат новата пракса за примена на Тераграмин при правењето на леите.
Тераграмин се аплицира во количина од 1кг/м2 при подготовката на леата и убаво се инкорпорира во почвата, па дури потоа се сее. Примената на Тераграмин во подготовката на леата ќе придонесе за побрзо проникнување на семето, а подобрените почвени услови и регулираниот водно-воздушен и топлотен режим ќе се одразат позитивно на самото растение. Расадот кој ќе се добие ќе биде со поразвиен корен и поцврсто стебло.
За оние земјоделци кои не произведуваат расад во леа, туку користат хумус или тресет, подготовката се прави на тој начин што се мешаат 80% хумус или тресет со 20% Тераграмин. Со оваа смеска се полната кутиите за расад и се сее семето. Тераграмин задржува дури 60% течност и на овој начин континуирано обезбедува снабдување со вода, со што се редуцира потребата од често наводнување.
Во проектот ќе учествуваат земјоделци од повеќе села како Удово, Јосифово, Балинци, Миравци, Давидово, Негорци, Стојаково, Ѓавато, Бориево, Градошорци, Дабиле, Моноспитово, Муртино и многу други.
Секој заинтересиран земјоделец повеќе информации и брошура за примена на Тераграмин може да побара во најблиската земјоделска аптека, каде што се продава производот или да не контактира преку Зелена Берза и практично да стекне знаења за употреба на производот. Ве очекуваме!