До септември годинава се очекува да биде отворен Музејот на виното во Кавадарци, најавија денеска градоначалникот Митко Јанчев, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и раководителот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Игор Андреев.
По направениот увид во работите на новиот Музеј, тие истакнаа дека изградбата вредна 7,5 милиони денари е со кофинансирање од Министерството и Бирото за регионален развој, но од вкупната сума, три милиони денари се општински пари.
-Кавадарци и регионот ќе добијат вински музеј кој ќе биде од големо значење и за туризмот и за развивање на Вардарскиот регион познат по виновата лоза и по производството на вино. Во овој музеј посетителите ќе може да се запознаат со лозарството и винарството, рече Јанчев.
Како што дополни министерот Милевски, Музејот ќе ја зголеми и туристичката понуда. Во него ќе се дегустираат вина, ќе се организираат промоции, предавања, обуки, работилници поврзани со виното. Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.