И младите генерации го одбираат брендот John Deere
Да се направи вистински избор на механизација која подоцна ќе придонесе не само да се произведе повеќе и поквалитетно туку ќе донесе и повисок приход е најважната работа. Убавиот глас далеку се слуша, а него може да го разберат и најмладите.
Семејството Абдиоски од с. Житоше по сугестија на синот Ферид дома си замина со нов трактор од брендот John Deere.
-Сакавме да купиме трактор и да се подновиме малку, рече Арбен Абдиоски од с. Житоше. Син ми сакаше John Deere. Јас имам нов трактор Tafe, ама за да можеме да работиме повеќе купив уште еден, овој пат John Deere, изјави за Зелена берза Арбен.
Ферид, синот на Арбен е седмо одделенец, но ова е доказ дека и од помладите може да се добие добар совет. Вели дека оддамна ги гледал тракторите од оваа марка и дека имаат многу добри карактеристики, па го убедил татко му да купат John Deere. Ферид активно бил вклучен во орањето на земјоделските површини, па сега со новиот трактор заедно со татко му ќе може таа работа многу побрзо да ја извршуваат. Арбен се надева дека кога ќе порасне синот ќе продолжи да се занимава со земјоделие.
-Од мали нозе се учат децата на работа. Ферид има 13 години ама знае да ора. Заедно ќе можеме полесно да сработиме, вели Арбен.
Во семејството обработуваат 35 декари земјоделска површина, најмногу тутун и житарици. Порано имале и стока, но се откажале. Од резултатите од ланската реколта се задоволни. За разлика од некои земјоделци што се пожалиле на проблеми околу склучувањето на договор за одгледување тутун, Арбен не се пожали. Напротив оваа година ги зголемил површините под тутун. Културите се во добра кондиција така што и оваа година очекува добри резултати.
П.Ј.