fbpx
ВестиВкусот на традицијатаРурална ЖенаТоп вести

За Василица се врти мазник, традицијата продолжува

РЕЦЕПТ за сукан мазник-На домашно подготвен тегнат мазник ретко кој може да одолее!

Домашно си е домашно, а и од вкусно имало и повкусно.

Во различни краеви на државата овој месен специјалитет е познат и кака тегнета пита, кошпиле, вртен мазник, вртена пита, но како и да се нарекува е вистински специјалитет. Секој кој знае да прави тегнат мазник, внимава корите да бидат убави и тенки како лист за да биде што повкусен и попривлечен во изглед.

Потребни состојки:

-1 кг брашно,

-1 филџан масло,

-малку сол,

-топла вода,

-сирење, пржен расол или други состојки за фил по желба.

Подготовка:

Тестото се замесува во сад за месење со потребните состојки, вода се додава по потреба, онолку колку што бара брашното, но важно е да напоменам дека тестото треба да биде на меко. Потоа од тестото правам топчиња, малку ги расукувам и ги мачкам со масло. Ги оставам да отстојат околу 15 минути пред да почнам да ги тегнам корите. Прво се растегнува средината, па краевите. Со секоја кора се постапува исто. Корите како што се растегнати, ги намрсувам и ги ролам, ги виткам со веќе подготвениот фил. Потоа во форма на круг ги редам во тавата. Се пече на околу 250 степени, додека не добие убава румена боја.

На домашно подготвен тегнат мазник ретко кој може да одолее!

 

А.Блажевска

 

 

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close