Чаша вода со лимон е најздрав избор за почеток на денот
Повеќето денот го започнуваат со толно кафе или чај, но многу би било подобро за здравјето утрото да го започнете со млака вода со лимон.
- Го зајакнува имунитетот
Лимонот е богат со антиоксиданти и витамин C, кој е одличен за зајакнување на имунитетот и му помага на организмот да се одбрани од инфекции. Витаминот C се боти против инфламација и често се користи во борба против астма и други респираторни болести. Лимонот исто така содржи сапонини, кој се борат против микроби и се одлични против грип и настинка. Исто така, витаминот C помага во апсорбација на железо.
- Ја намалува киселоста на организмот
Иако има кисел вкус, тој всушност остава базна средина во нашиот организмот, и се бори против киселост. Брзата и нездрава храна, како и шеќерите кои ја подигнуваат киселоста во организмот, а лимонот е еден од најаките алкализатор.
- Помага при варењето
Аскорбинската киселина, позната како витамин C, го забрзува зараснувањето на раната и е еден од најбитните состојки за одржување здраво на сврзното ткиво, коските и ‘ рскавицата. Се на се, овој витамин кој го има во лимонот, неопходен ни е кога се опоравуваме од повреди или стрес.
- Хидрира
Голема чаша вода со лимонов сок нема само да го исчисти организмот од сите токсини кои можеби се насобрале во текот на ноќта, туку и ќе ви помогне да го одржите организмот оптимално хидриран. Секоја чаша вода во текот на денот е прав мелем за организмот, а уште повеќе ако е збогатена со лимонов сок.
- Ја подигнува енергијата
Понекогаш и самиот мирис на лимон е доволен да не разбуди. Покрај тоа, лимонот помага во лечење на анкциозност и депресија
Извор:ммс.мк