Несоодветното колење на свињите носи опасности и кога месото е на трпеза
Европската комисија подготвува нови правила за колење на свињите. Во Брисел интензивно се работи на воведување нова пракса при колењето на свињите во кланиците или кај индивидуалните фармери. Експертите од оваа област сметат дека несоодветниот начин на чување и колење на свињите предизвикува низа опасности по животните, а негативните последици може да се пренесат и кај луѓето кои ги чуваат, а потоа и го конзумираат тоа месо.
Телото кое е надлежно за безбедност на храна при Европската комисија објави студија во која се нотирани повеќе опасности поврзани со благосостојбата на свињите при колење од несоодветен и нестручен персонал како и лошо дизајнирани и изградени објекти. Студијата е направена по барање на Европската комисија, а по добиените резултати се предложени сет на мерки за спречување на опасностите што се појавуваат при колење и производство на месо.
Мотото на студијата е „Од фарма до вилушка“, а Европската комисија ги разгледува тековните одредби за благосотојбата на животните со цел да се создаде поодржлив систем на храна во Европската Унија. Ова според експертите од Унијата треба да биде една научна увертира која дополнително ќе се надградува и ќе биде основа за понатамошно тестирање.
Главната цел на студијата е да се спречи ширењето на инфекции. Комисијата предлага сеопфатен преглед на свињите, како и на самиот процес на колење. На тој начин би се идентификувале опасностите што им ја загрозуваат благосостојбата, како што се стресот на топлина, жед, продолжено гладување и респираторни проблеми.Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК
Извор:Денар.мк