fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Крушевското село Бучин се дави во ѓубре

Жители реагираат затоа што се загадува животната средина, се шири неподнослива реа, а децата играат и растат во такво опкружување и покрај природната убавина и чистиот воздух во нивното село.

 Крушевското село Бучин се гуши во отпад од домаќинствата и градежен шут. Жители  на ова село револтирани од несовесното однесување на нивни соселани кои постојано, на исто место, во близина на куќите, создаваат диви депонии, реагираат и бараат помош од надлежните институции. Жителите реагираат затоа што се загадува животната средина, се шири неподнослива реа, а децата играат и растат во такво опкружување и покрај природната убавина и чистиот воздух во нивното село. Во повеќе наврати пријавувале до надлежните институции, но, како што велат, нема резултати.

-После неколку неуспешни обиди за подигање на свеста кај некои жители преку локалната власт и комуналното претпријатие на Општина Крушево за соодветно третирање на отпадот, ние револтираните жители на село Бучин, Општина Крушево, апелираме за брзо решавање на овој проблем преку институциите на локалната самоуправа. Апелираме исто така до нашите соселани посовесно да гледаат на овој проблем за зачувување на околината во која сите живееме и го дишеме воздухот, велат жители на Бучин.

За да ја зачуваат околината од несовесните жители на селото, кои постојано, на исто место прават дива депонија, подготвени се и на порадикални мерки за решавање на овој проблем.

А.Б

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close