fbpx
ВестиВиноМакедонијаТоп вести

Поднесени првите барања на малите семејни винарии за упис во регистар на производители на вино

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа поднесени првите барања на малите семејни винарии за упис во регистерот на производители на вино. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ одржаа состанок во просториите на МЗШВ со претставници на првите мали винарнии кои ги поднесоа своите барања со потребната документација во Архивата на МЗШВ.

Со измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) се олеснија условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Малите винарници со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно, наместо да плаќаат 10.000 денари надоместок за регистрација сега ќе плаќаат само 1.500 денари, а за големите винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри надоместокот е намален за половина, односно тие ќе плаќаат 5.000 денари годишно.

Оваа мерка е во согласност со Законот за државен инспекторат за земјоделство и има за цел да им овозможи на малите винарници да плаќаат понизок надоместок од оној кој го плаќаат големите винарнии кои произведуваат поголеми количини и кои остваруваат голем профит.

Малите производители на вино кои имаат семејни винарнии сега ќе бидат ставени во законска рамка. Со оваа измена ќе се придонесе за праведност и правичност во однос на трошоците за регистрација на винарска визба, односно висината на трошоците да соодветствуваaт со капацитетот за производство и чување на произведеното вино во винаријата.

Намалувањето на трошоците за регистрација ќе биде мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да можат да се регистрираат во регистарот на производители на вино, а со тоа на легален начин ќе можат да го пуштат во промет произведеното вино, што претставува и тековен тренд во светски рамки, особено во сегментот на продажба на вино од фарма во насока на диверзификација на понудата на пазарот и развој на винскиот и руралниот туризам.

За полесен пристап до регистрацијата, #МЗШВ изготви флаер со чекори до упис во регистер на производители на вино, кој е јавно достапен.

 

Слични написи

Back to top button
Close