fbpx
Вести

Осигурување на родот или противградобијни ракети?

Дали да се осигураат земјоделските посеви и култури од град и други елементарни непогоди од времето  кои можат да го оштетат производството на храна или да делува противградобијната заштита. Ова е дилема што неколку години преовладува како кај земјоделците така и кај стручната јавност.

osiguruvanje na rodot ili protivgradobijni raketi

 

Државата дава помош за земјоделците кои решиле да го осигураат производството, но според многумина се работи за ниско обесштетување и затоа многу подобра сигурност во производството на храна е доколку делува противградобијна заштита.

„Навистина е несфатливо зошто не функционираат противградобијните служби. Сведоци сме секоја година во текот на летото дека се губи цело производство во земјоделството. Многу поисплатливо е да се разбиваат градоносните облаци, отколку да се осигурува родот, па да се прават проценки, и на крај земјоделците да земат многу помалку од тоа што навистина чини нивното производство. Државата мора да размислува да ги стави во функција противградобијните системи“ вели проф. Д-р Ристо Вучков експерт од аграрот.
Земјоделците молат да не биде зафатена нивната површина со град и само на тој начин да избегант големи катастрофи.

Минатите години речиси немаше реони кои не беа погодени од град, а со тоа во земјоделското производство беа причинети милионски штети, само поради нефункионирањето на проитивградобијните центри.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close