fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Пристигнаа картичките за „Зелена нафта“

Пристигнаа картичките за искористување на мерката за „зелена нафта“, соопштија денес Подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола.

-Пристигнати се картички за сите оние земјоделци за кои не беа доставени  во изминатиот период. За останатите земјоделци кои си ги подигнаа и искористија картичките во рокот до 30 април, на нивните картички автоматски ќе им биде  надополнета сума врз основа на пријавените површини за  субвенции за 2019 година. Оваа година поддршката за оваа мерка е зголемена на 50% од трошоците на земјоделската механизација, соопштуваат од ПЕ МЗШВ Битола.

Поради состојбата со COVID-19 и бидејќи е период за пријавување на субвенции со цел да се избегнат  гужви, сите земјоделци кои имаат за подигање картички за зелена нафта ќе бидат контактирани телефонски и повикани во одредени денови.

Слични написи

Back to top button
Close