Решенија за менаџирање во земјоделството претставени од John Deere
Во време на постојана динамика и иновативност во сите сфери на работата и живеењето, покрај индустриските, технолошко-техничките и останатите достигнувања, воопшто не заостануваат и новините во сферата на земјоделството и обработката на почвата како дел од истото. Доказ за тоа е и концептот на таканареченото „Прецизно земјоделство“ кој своето постоење го темели на користењето на технологии како сателитско позиционирање, навигација, пресликување на терени и сл.
AMS (Agriculture Management Solutions) или во буквален превод „Решенија за менаџирање во земјоделството“, е токму таков систем претставен од John Deere, чија главна улога е пред се зголемување на ефикасноста и ефективноста при земјоделските операции и отстранување на пропустите при истите.
Без разлика дали се работи за орање, тањирање, сеење, косење, жнеење, ѓубрење или било која друга операција, или пак се работи за трактор , приклучна машина или комбајн, AMS системот овозможува:
- Позиционирање и навигација
- Повторување на прави и неправилни паралелни движења
- Документација на податоци на теренот
- Автоматизација
Во целост ја оптимизира работата во полето преку:
- Намалување на трошоците за гориво, ѓубриво, работна сила
- Намалување на прекумерното газење на земјата и растенијата
- Намалување на преклопите и прескоците
- Зголемување на удобноста на операторот и сл.
Можностите на овој систем се огромни и насекаде низ светот, нивното користење зема огромен замав. Целосно се интегрирани и можат да бидат надоградени по потреба за мноштво апликации од најмали земјоделски активности и активности на фармата, па се до работа во големите земјоделски комбинати.