fbpx
Вести

Месо од епрувета?!

Има претерано многу аргументи против индустријата за месо, одгледувањето животни за храна предизвикува климатски промени, ја загадува околината, создава болести и бактерии кои се сè поотпорни на антибиотици, фекалии, а колењето животни во одредени случаи би можело да се квалификува како тортура. Едниот аргумент што многу оди во негова корист е што месото е вкусно.

meso od epruveta

 

Решението на равенството е месо израснато во лабораторија, создадено од истите клетки од кои е составено ткивото што инаку го јадете. (Исто така постои и кожа создадена во лабораторија, која се прави на сличен начин.)

Со ова решение има два проблема, првиот е дека ова месо за сега баш нема вкус како што ние би сакале, вториот е дека бургер создаден во епрувета чини 330.000 долари.

Брендан Кол во Вајард објаснува дека месото од лабораторија никогаш нема да успее доколку јавноста не е заинтересирана за него. Во 2013 пред да биде изеден првиот бугер од лабораторија, само 13% од испитаниците (во Белгија) знаеле што е месо одгледано во лабораторија, а над 50% никогаш немале чуено за него. Иако пред почетокот на студијата белгиските научници очекувале дека барем вегетаријанците ќе бидат на нивна страна, се покажало дека повеќе вегетаријанци сметаат дека тоа не е здраво, отколку месојадите.

Меѓутоа откако истражувачите објасниле како се создава ова месо, најголемиот дел од испитаниците изјавиле дека можеби би пробале.

Во врска со незадоволството на веганите и вегетаријанците околу месото од лабораторија, речиси консензус е дека се дава претерано многу важност на нивното мислење, бидејќи дали тоа ќе успее или ќе пропадне зависи од месојадите, “а тие немаат причина зошто да се префрлат се додека неговата цена сериозно не се намали.”

“Научниците вклучени во ова се оптимисти дека до 2020 ќе можат да ги средат трошоците и вкусот на месотот од лабораторија, во најголем број преку зголемување на ефикасноста и производство на месо на големо,” пишува Кол.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close