fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Бербата на боровинките во НП „Пелистер“ почнува на 5 август

Јавната Установа Национален парк “Пелистер“ – Битола ги известува откупувачите и собирачите на боровинки дека бербата на боровинки за 2020 година ќе започне на 5 август.

 

Собирачите на боровинки треба да се придржуваат кон следниве услови:

-со себе да ја носат легитимацијата и да имаат набавено маркица за собирање за 2020 г., а доколку немаат легитимации, истите да rи набават во дирекцијата на НП “Пелистер“;

-плодовите да ги собираат само ако се со оптимална зрелост и да не ги оштетуваат со механички средства (косење, сечење, корнење и сл.).

За лицата затекнати на теренот без дозвола за собирање и пред дозволениот почеток на бербата, и кои нема да се придржуваат на norope наведените правила, согласно Законот за шуми и Законот за заштита на природата, следува висок износ на глоба.

Контролата на теренот ќе ја вршат овластени лица од НП “Пелистер“, Шумската и редовната полиција, а ќе се поднесуваат пријави, и ќе се покренуваат судски постапки.

Се известуваат и откупувачите дека пред да започнат со откуп на теренот (откупните пунктови околу “НП Пелистер“), тие мора да имаат потпишан договор со НП “Пелистер“, доставени списоци на ангажирани возила со регистерски таблички, и да имаат претходно прибавена дозвола за откуп од Министерството за животна средина и просторно планирање,соопштуваат од установата НП „Пелистер“.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close