fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Рокот за плаќање на годишната закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 година е продолжен до 18-ти декември 2020 година

Одлуката за продолжување на рокот за плаќање на закупнина и за нераскинување на договорите поради неплатена закупнина се донесе заради надминување на економските потешкотии на закупците, поради вонредната состојба предизвикана од вирусот КОВИД 19. 

Рокот за плаќање на годишната закупнина за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година е продолжен до 18.12.2020 година. Овој рок произлегува од донесената Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за земјоделското земјиште за време на вонредна состојба,  од страна на Владата на Република Северна Македонија. Според оваа Уредба, рокот за плаќање на годишната закупнина за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година, се одложи за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува за 180 дена по престанок на траењето на вонредната состојба. Законскиот рок беше до 31 јули 2020 година, но сега земјоделците закупнината ќе можат да ја платат заклучно со 18-ти декември 2020 година.

Воедно според Уредбата, до 18-ти декември 2020 година,  нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина.

Одлуката за продолжување на рокот за плаќање на закупнина и за нераскинување на договорите поради неплатена закупнина се донесе заради надминување на економските потешкотии на закупците, поради вонредната состојба предизвикана од вирусот КОВИД 19.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и во следниот период ќе ја следи состојбата со влијанието на глобалната пандемија врз секторот земјоделство, и во комуникација со земјоделците и стопанствениците од агросекторот, доколку има потреба ќе се преземаат и други соодветни мерки за ублажување на последиците.

 

Слични написи

Back to top button
Close