ВестиМакедонијаТоп вести
До крајот на неделата ќе имаме нестабилното време
Времето денеска ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локалните процеси ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, поинтензивни електрични празнења и град.
Минималната температура ќе биде од 15 до 23 степени, додека максималната ќе се движи од 26 до 31 степен Целзиусов.
УВ зрачењето ќе биде 6.
Во Скопје и околината ќе се задржи слично време со температура во интервал помеѓу 20 и 28 степени.