fbpx
Вести

Се шири списокот со ветеринарни амбуланти што ќе работат со АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство објави јавен повик за пријавување ветеринарни амбуланти кои се заинтересирани за вршење активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните. Во Агенцијата велат дека јавниот повик е за сите ветеринарни друштва што се отворени последниве неколку месеци, а целта е да се склучи договор со Агенцијата за вакцинации и заштита од болести на животните во земјава.

se shiri spisokot so veterinarni ambulanti shto kje rabotat so ahv

 

Јавниот повик е со цел да се пријават новите ветеринарни амбуланти што се заинтересирани да склучат договор со нас. Станува збор за ветеринарни друштва што се формирани по последниот јавен повик. Им се дава можност доколку некое од нив има интерес да склучи договор со АХВ за да врши работи од јавен интерес. Инаку, не им се доделува територија, туку треба сами да се наметнуваат на пазарот, со што се засилуваат конкуренцијата и квалитетот на услугите што ветеринарните друштва им ги даваат на сточарите, велат во АХВ.

Предмет на овој јавен повик е давање јавно овластување за вршење активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните. Право на учество имаат сите правни лица со регистрирана ветеринарно-здравствена дејност, како ветеринарна амбуланта, клиника или болница и ветеринарна служба на одгледувачници што во моментот ги исполнуваат условите за вршење ветеринарно-здравствена дејност.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close