fbpx
ВестиТоп вести

Маргарет Тачер-Челичната дама

Мотото на живот -Пристојноста денес многу се цени, а безобразлукот нема цена.

Маргарет Тачер е една од најодлучните и најхрабри жени во нашата понова историја.

Маргарет Хилда Тачер (13 октомври 1925 – 8 април 2013), лидер на Конзервативната партија во Британија и премиер на Обединетото кралство од 1979 до 1990, останува запаметена по својата одлучност како и успехот и авторитетот во политичкиот свет каде владееле мажите. Самата изјавила дека за да се води земја каква што е Британија, човек треба да има нешто челично во себе. Токму затоа останува позната и како Челичната дама.

Тачер беше прва жена на местото премиер на Велика Британија и останала на власт цели 11 години. Кога дошла на власт била убедена дека Британија пропаѓа и одлучно се зафатила со спроведување на многу тешки социјални и економски реформи, кои предизвикале и многу негативни реакции кај широките маси.

Важела за голем работник и често работела и по 18 часови дневно. Со нејзиното владеење се започнува посебна политичка филозофија базирана на конкурентски натпревар и приватно претприемништво. Таа ја намалила социјалната помош, ја намалила моќта на синдикатите и ги приватизирала некои од клучните индустрии во британската економија, заради што многу работници останале без работа во тоа време, но денешната сила на британската економија покажува дека Тачер била во право. И дека имала храброст и одлучност, што ги немаат многу мажи во светската политика, да се зафати со вистинските проблеми и реформи, без популистички нагони да се допадне на гласачите.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close