fbpx
ВестиВкусот на традицијатаТоп вести

Намирници кои најдобро е да се јадат свежи

Постои храна што најдобро се консумира сирова, затоа што за време на готвењето и пржењето може да ги загубат своите корисни својства за нашето здравје.

Вареното цвекло губи 25 проценти од фолатот (форма на витамин Б9), како и многу други витамини и минерали“, вели медицинската сестра од Њујорк, Ребека Парк.
Цвеклото обично содржи калциум, железо, протеини, калиум, како и многу растителни влакна и фолат. Затоа, најздраво е кога се консумира сурово.

Кељот содржи фитонутриенти познати како глукозинолати кои се претвораат во различни соединенија кога ќе дојдат во контакт со ензимот мирозинам. Топлината ја деактивира мирозиназата и ако готвите кељ, ова растение ги губи своите својства што го штитат организмот од разни заболувања. Ова беше потврдено со истражувањето на магазинот Frontiers and Nutrition пред четири години.

Црвената пиперка е одличен извор на витамин Ц. Таа е трипати побогата со овој есенцијален витамин од портокалите.
Но, исто така, топлината ја уништува црвената пиперка, па затоа експертите препорачуваат да ја консумирате сурово.

Боровинките се богати со антиоксиданти познати како флавоноиди. Најдобро е да ги консумирате сурови за да во организмот внесете колку што е можно повеќе. Покрај тоа, неколку студии откриле дека преработката на боровинки го намалува нивото на полифенол.

 

Црвениот кромид има многу здравствени придобивки, особено ако го јадеме суров. Готвењето на кромидот ги намалува придобивките на фитохемикалиите кои се ефикасни во борбата против ракот. Покрај тоа, кромидот го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
За време на загревањето во рерната или на огнот, кромидот ги губи своите својства што се корисни за срцето. Овие својства исчезнуваат во рок од половина час или помалку, што главно зависи од тоа дали кромидот е сецкан или цел.

Лук

И моќниот лук го намалува своето антибактериско дејство за време на готвењето, додека една минута во микробранова ја уништува неговата способност да се бори против карциномот.

извор:Екран.мк

Слични написи

Back to top button
Close