fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Штрковите во Прилепско се подготвуваат да заминат на југ

Во прилепско Кривогаштани, според неофицијалната процена на жителите, има 50-тина штркови. 

Според традицијата, штрковите заминуваат во потоплите краишта на празникот „Свети Пантелејмон”, на 9 август, секоја година.

За штрковите се мисли дека се верни на семејството, живеат во двојки и доколку почине еден, остануваат сами.

Во прилепско Кривогаштани навикнати се на гнездата на штрковите крај куќите, на високите бандери, столбови, на покривите. И штрковите и луѓето живеат заедно од пролет до август.

– Штрковите се подготвуваат да заминат. Тоа е така откако паметиме. Деновиве сите ќе се иселат за да дојдат на пролет. Еве, можеби се чекаат да се соберат, а и можеби чекаат да добијат пасоши. Времињава се нови, нестабилни, малку на шега коментираат кривогаштанци.

Паметат дека од пред неколку години локалните власти сакаат да им создадат посебна населба со гнезда, ама штрковите „си тераат по свое”. Имаат свои домови кои сами ги создале и не сакаат да ги напуштат. Кривогаштанци сфатиле дека треба да ги почитуваат навиките на штрковите, запишани во гените.

И во прилепско Мало Коњари, од каде е Силјан штркот и легендата за него според Марко Цепенков, штрковите се подготвуваат за преселба. Жителите од Прилепско се надеваат дека климатските промени не им влијаеле на навиките на штрковите, кои се и симбол на новите рожби во семејствата.

Извор: Канал 5 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close