fbpx
ВестиТоп вести

Шеготека со БЕЗ НАВРЕДА

 

Кутар Цветко

Отишол Цветко во полициска станица истепан со модрици.

– Кој те истепа така бе?
– Жена ми.
– А зошто?
– Па ме праша што има на телевизија, а јас и реков дека има прашина.

 

Кавга на глупави

Се караат двајца другари и едниот му вика:

-Толку си глуп што ако ти дадат две замрзнати пилиња едното ќе ти избега.

А другиот враќа..

-А ти пак толку си глуп што ако ти го украдат телевизорот ќе трчаш по него да му го дадеш и далечинското.

 

Дрво пијани

Двајца дрво пијани седат на улица.

По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив.

– Гиго, Гиго… ти гарантирам дека полицаецот што иде навака е геј!

– Зошто мислиш така?

– Гледај колку жени шетаат наоколу, а овој ќе видиш, баш нас ќе ни се закачи!

 

Пуста љубов

Девојка прашува момче:

– Слободен си вечерва?

– Не! Ќе излезам со најубавата девојка на свет.

Девојката:

– Добро.

По пет минути момчето доаѓа во нејзината куќа и ѕвони!

Девојката:

– Што бараш тука?

– Па нели ти реков дека ќе излезам со најубавата девојка на свет?!

– Ооо, почестена сум!?

– Добро, а сега оди викни ја сестра ти!

 

Подарок

– Драги знаеш дека утре ми е роденден?

– Да драга знам.

– Па, ќе добијам ли нешто?

– Секако, имаш некоја желба?

– Па би сакала нешто мало, плаво, металик и да иде од 0 до 100 за секунда.

Наредниот ден мажот и поклонува кутија на жената, а во неа вага. И таа го прашува:

– Па добро што е ова?

– Драга како што посака – мало, плаво, металик и иде од 0 до 100 за секунда!

 

Рум

Трпе бил мераклија по рум, и отишол на доктор бидејќи се го болело.

Докторот го прегледува и:

– Трпе, под итно мораш да престанеш со пиењето на рум.

– Леле докторе сум пробал сто пати ама многу тешко ми оди.

– Мораш Трпе, немој да мислиш на рум, немој ни да го спомнуваш, и ќе успееш.

Отишол Трпе во кафеана и нарачува, чајче, а келнерот:

– Сакате со рум или без рум.

– Може … без чај!

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close