Околу 16.000 земјоделци ќе бидат опфатени со новата тура на исплата на субвенции, која почнува денеска, а ќе се реализираат околу 8,5 милиони евра, истакна вчера премиерот Никола Груевски.
Груевски напомена дека исплатата на оваа група земјоделци ќе заврши за максимум две до три недели.
– Се работи за нови 16.000 земјоделци кои ќе добијат субвеници. Од нив 6.000 се млекопроизводители, а 10.000 се од делот на поледелството. Сите ќе добијат субвенција од околу 8,5 милиони евра, истакна Груевски.
Засега, како што додаде Груевски, работите одат во добра насока, субвенциите се исплаќаат веднаш штом ќе се собере целата документација и се потврдат сите законски постапки.