fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Голема побарувачка за струмичката пиперка „ајварка“ Голема побарувачка за струмичката пиперка „ајварка“ | opserver.mk

За пиперката „ајварка“ има голема побарувачка како од трговците, така и од преработувачките капацитети, информираат за откупувачи и преработувачи од регионот.
Голема побарувачка за струмичката пиперка „ајварка“ | opserver.mk

Во зависност од квалитетот, оваа пиперка се откупува од 15 до 30 денари за килограм, а најмногу се пласира на пазарите во поранешните југословенски републики и во Европската унија. – „Ајварката“ се работи на големо. Прва класа се откупува за 30, а втората за 20 денари за килограм. Покрај нас ја откупуваат и сите домашни преработувачи. Најмногу интерес за „ајварката“ има од сите поранешни југословенски републики и на повеќе европски пазари, рече Благој Витанов, откупувач од Струмица. Сопственикот на „Агрокомерц 92“, Кире Јовев, потврди дека преработувачките капацитети почнале со откуп и преработка на „ајварката“. – Работиме со полн капацитет. Конзумната пиперка ја откупуваме по 30 денари за килограм, а тие за преработка ги откупуваме од 15 до 25 денари во зависност од квалитетот. Пласманот ни е договорен и засега се тече според планираното. Покрај „ајварката“ откупуваме и преработуваме корнишони и овој производствен циклус е покриен. Постои мал скептицизам кај производителите и купувачите поради најавениот втор бран на коронавирусот, но се надеваме дека произведеното ќе го пласираме, изјави Јовев. Производителите се задоволни од откупната цена на пиперката „ајварка“, но предупредуваат дека поради обилните врнежи може да дојде до намалување на приносите. – Црвената пиперка е засеана исто како и лани. На одредени површини имаме забележано расипување на производството заради обилните врнежи. И покрај тоа што сега во најголем дел се бере од пластеници, сепак водата го зема својот данок и според мои проценки околу 10 проценти од производството е нападнато од болести. „Ајварката“ има подолг период на зреење и берба, односно како култура се бере од јуни па до крајот на октомври и затоа е подложна на болести, вели Драги Памуков, земјоделец од село Куклиш. И експертите потврдуваат дека обилните врнежи им предизвикуваат големи проблеми на земјоделците. – На површините кои беа зафатени со обилни врнежи дожд и град веќе има големи штети, посебно на тие на отворено. Променливото време во текот на целата година причинува штета не само кај пиперката, туку и кај други култури, рече д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенија. Инаку, покрај пиперката „ајварка“, лубениците се откупуваат по цена од пет-шест денари за килограм, доматите до 30 денари, краставиците од 25 до 30 денари за килограм, грозјето од 20 до 35 денари во зависност од сортата, а феферонките и „чорбаџиската“ пиперка се откупуваат по 25 денари за килограм.
Голема побарувачка за струмичката пиперка „ајварка“ | opserver.mk

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close