fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделското осигурување луксуз за земјоделците во државата

И покрај тоа што државата субвенционира 60 отсто од средствата кои земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот, интересот за земјоделско осигурување во државата сè уште е многу слаб. Земјоделците секоја година се жалат на големи штети од климатските промени, но велат дека поради недостиг на финансиски средства не можат да ги осигураат посевите

Во последниве години има мал пораст на земјоделското осигурување, сепак бројките покажуваат дека сè уште сме далеку од осигурувањето на овој сектор во европските држави. И покрај тоа што државата субвенционира 60 отсто од средствата кои земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот интересот за земјоделско осигурување во државата сè уште е многу слаб. Земјоделците секоја година се жалат на големи штети од климатските промени, но велат дека поради недостиг на финансиски средства не можат да ги осигураат посевите.
Од Платежната агенција ги потсетуваат земјоделците дека и годинава можат да поднесат барања за субвенции за осигурување, а рокот е до 31 овој месец. Оттаму додаваат дека на овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди, а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив.
Земјоделците во државата се запознаени со придобивките од земјоделското осигурување, но велат дека главен проблем им се парите. Поради ниските откупни цени на земјоделските производи тие едвај заработуваат и затоа не можат да си дозволат да ги осигураат посевите.
-Голем дел од земјоделските култури ми се под пластеници, па затоа немав потреба да ги осигурам. Запознаен сум со субвенциите кој ги дава државата за осигурување, но засега не планирам да ја осигурам нивата. Ниските откупни цени на земјоделските производи не ми дозволуваат да вложувам во осигурување и во современи технички средства. Со малата заработувачка едвај преживуваме и немаме пари за осигурување, вели Аце, земјоделец од Скопско.
Понудите за земјоделско осигурување последниве години се зголемија. Земјоделците можат да ги осигураат посевите и родот од пожар, град, гром, поплава и од мраз. Од осигурителните друштва велат дека интересот кај земјоделците за осигурителните полиси се зголемува откако ќе се случи некоја временска непогода и ќе им уништи голем дел од засадените земјоделски култури.
Меѓутоа дел од земјоделците кои еднаш ги осигурале нивите и биле незадоволни од обесштетувањето што го добиле од осигурителната компанија не сакаат повторно да ги осигуруваат посевите.
Промената на климата и температурните разлики последниве години се најизразени во Преспанскиот регион. Овоштарите од овој регион почнаа помасовно да ги осигуруваат овошните насади, но велат дека се незадоволни од проценките на штетите од страна на осигурителните компании.
– Земјоделството е сè поизложено на климатските промени и поради тоа земјоделците за да си го заштитат родот почнаа масовно да ги осигуруваат имотите. Поради нискиот процент на исплата од осигурителните компании опаѓа интересот кај јаболкопроизводителите да ги осигураат своите насади. Голем дел од овоштарите се незадоволни од проценките кои ги вршат осигурителните компании, изјави претседателот на работната група на овоштарите, Менде Ивановски.
Освен овошните насади, од временски непогоди најчесто се осигуруваат и лозовите насади, житните и градинарски култури.

Извор: Вечерпрес

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close