Јагулата ќе ја снема од Охридското Езеро
И охридската јагула може наскоро да исчезне од водите на Охридското Езеро, предупредува независниот екологист од Охрид Лазо Наумовски. Европската јагула се мрести во Саргасово Mope, односно 4.800 км подалеку од Охридското Езеро. Мајките јагули, по мрестење, умираат, a нивните ќерки повторно се враќаат во водите на Охридското Езеро.
Јагулата одбира да живее во салмонидни езера богати со салмонидни риби, претежно пастрмки, како што е Охридското Езеро.
Јагулата во исхраната ги користи пастрмките кои се лесен плен за ловење, односно пастрмки кои се мртви, повредени или малаксани. Co еден збор, јагулата е чистач на лешевите од езерската фауна.
“Месото од пастрмката има висококалорична вредност и придонесува за многу побрз пораст и прираст на јагулата, како и нејзино побрзо полово созревање и готова за свадбениот пат до Саргасово Mope каде што и по природен пат ќе се измрести, односно мајката јагула, по мрестењето, умира, а нејзините ќерки јагули повторно се враќаат во водите на Охридското Езеро”, појаснува Наумовски.
Co изградба на хидроцентралите Глобочица и Шпилје на Црни Дрим, природниот пат на јагулата се прекина.
Од EЛEM, секоја година од Франција, Холандија или од Грција се носи готов рибен подмладок јагули со кои се порибува Охридското Езеро.
“Она што го доживува охридската пастрмка како ендемична риба во водите на Охридското Езеро, големи се можностите истата судбина да ја доживее и европската јагула во водите на Охридското Езеро”, предупредува Наумоски.