fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Премиерот Заев и министерот за земјоделство Хоџа утре се во посета на Кавдарци

 

Грозјето да го плати државата и да остане на нивите и блокади на винариите кои не ги почитуваат договорените откупни цени. Премиерот Заев утре на средби со лозарите

Премиерот Заев и министерот за земјоделство Хоџа утре се во посета на Кавдарци. Предвидено е да имаат средба со лозарските здруженија за да се разговара за состојбите и проблемите со откупот кои настанаа откако Тиквеш како еден од најголемите откупувачи ги објави откупните цени кои почнуваат од 7,5 денари за килограм. Заев на лозарите има намера да им пренесе дека неколку дена пред изборите имале состанок со сите винари на кој е договорено годинава откупните цени да бидат 9 денари за Смедеревката и 11 денари за Вранецот.

-На лозарите ќе им пренесам дека договорено е уште пред изборите откупните цени да бидат за два денари пониски од ланските заради состојбите во кои се наоѓаме сите но затоа пак таа разлика во цена да ја доплати државата преку субвенциите кои наместо ланските 2 денари да изнесуваат 4 денари за килограми така да дојдеме до ниво на откупни цени како лани. Она што е дополнително предвидено е да има уште 2 денари дополнителна поддршка за високо квалитетните сорти на грозје кои се проценуваат на околу 10 милиони килограми. На тој состанок беше присутен и претставник на винарската визба Тиквеш а пред некој ден ги објавија откупните цени кои се спротивни на договореното. Остана да се најде начин и модел како да им се помогне на винариите околу трошоците за транспорт на виното за да се намалат залихите. Јас ќе разговарам со Светозар Јаневски кој е високо почитуван бизнисмен и еден од советниците на кабинетот на Премиерот Оливер Спасовски и верувам дека ќе изнајдеме решение за откупот во оваа специфична година, рече премерот Зоран Заев.

Лозарите се закануваат со блокади на винариите ако останат овие според нив понижувачки откупни цени. Грозјето заради дождовите онаму каде се наводнуваше веќе почна да скапува.

-Ние предлагаме ако веќе има вишок на грозје како што тврдат некои винарии државата да го плати и ние да го оставиме по нивите а ние ќе организираме блокади на портите на тие винарски визби кои тврдат дека имаат вишок да не може да влезе грозје за преработка па да видиме колку вишок на вино имаат. Не може веќе ова ни се случува секоја година, каков Ковид или не. Секоја година е истата состојба со винариите кои сакаат да го земат грозјето за беспари. Имаме потврдени информации дека нема залихи по винариите и најголемиот дел се празни. Да не речам дека лажат ама тоа се неточни инофрмации со кои се манипулира. Како може грозје за 7 денари да го откупуваат и да им треба а ако е за повисока цена да немаат потреба. Па ако има вишок винарите ги затвора вратите и не откупува а не вака да не манипулираат со што само се фаќаа во лагата. Не може лозарите да останат со празни раце а винариите да прават милионски профити рече Трајче Кулев од здружението напредни лозари од Кавадарци.

Според Кулев во игра сите опции и блокади и протести и оставање на грозјето по нивите, додека останатите винарии очекува дека ќе го почитуваат договорот и ќе откупуваат по цени од 9 односно 11 денари за килограм.

З.Б.

Слични написи

Back to top button
Close