fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

ОД ПЕЛАГОНИЈА СЕКОГАШ СЕ ВРАЌАМЕ СО ПОБЕДА!

          

Земјоделството во последно време стана руски рулет! На полињата останаа само најхрабрите борци, кои секоја година се борат со предизвикот од временските услови и со откупните цени! Но земјата не се остава! Пелагонија е жива и жилава! Иако поголемиот број земјоделци од овој крај веќе не се на 30-40 години, туку на 60-70 години, тие не се откажуваат! Секоја почит, за силата што ја наоѓаат, уште од рано утро да бидат на полињата, да го собираат жолтото злато, а потоа да го нижат како гердан! Да не пречекаат со насмевка, да не понудат со кафе, бостан и да ни раскажат како помина годината за нив! А оваа година по ниеден основ не е стандардна, така што се прифаќа онаква каква е! Временските услови кои не беа поволни и обилните дождови ја направија својата штета! Тоа е општата слика за состојбите кои ги затекнавме, но она што не израдува и што го слушнавме од земјоделците кои оваа година во голем број употребија Тераграмин на своите ниви за пиперка и тутун е дека тие видоа бенефит од неговата употреба. Дејан од Кадино Село, не израдува со пријатните вести што ни ги соопшти, дека оваа година по три неуспешни обиди да произведе пиперка на нивата која што ја садел и каде што пиперката редовно се сушела, оваа година откако ја третираше површината со Тераграмин во количина од 1 тон, успеа да произведе пиперка, која е подобра во однос на онаа произведена на другите негови површини, а дека воопшто не ни употребил ѓубриво. На просечниот земјоделец ова можеби ќе му се чини како научна фантастика, но производот делува точно на подобрувањето на квалитетот на почвата (го регулира водно-воздушниот и топлотниот режим и ја балансира pH вредноста), а истовремено влијае и на тоа подобро да се искористат акумулираните количини на ѓубрива од претходни години.  Така што овие резултати не се неочекувани.

         

На крајот од првиот ден, отидовме на нивата на Пецо од Ивањевци, земјоделец кој не следи во нашата работа од почетоците и кој користи Тераграмин. Пред три години, Пецо на нивата која што оваа година му е посадена со тутун, расфрлил Тераграмин во 6 реда, за да го увиди ефектот и разликите од употребата. Иако уморни од цел ден работа, на негово големо инсистирање, отидовме да се увериме на лице место, за тоа што го забележал кај тутунот. Во редовите каде што беше расфрлан Тераграминот, тутунот беше зелен, свеж, немаше никакво подгорување, а онаму каде што немаше ставено Тераграмин очигледно беше дека на тутунот лошо влијаеле временските услови и тој не се прилагодил на обилните дождови. Имаше подгорување и тутунот веќе беше “отиден” во цвет. Она што е битно да се знае за производот е дека тој врши еден вид регулација на водата. При обилни дождови почвата со Тераграмин дејствува како сунгер. Таа ја пропушта водата, но еден дел како и сунгерот задржува во себе и бидејќи побавно се суши, растението во подолг период го снабдува со потребната влага и тоа не доживува шокови. Онаму каде што нема Тераграмин, не доаѓа до дренажа, растенијата се “загушуваат” од вишокот вода. А потоа кога ќе дојде до исушување, страдаат за вода. Значи се оди од една во друга крајност и растенијата не се во можност да се прилагодат. Голема улога има истотака и фактот дали расадот е произведен со Тераграмин. Со неговата употреба уште при производството на расадот се добива здраво растение, кое подобро се прилагодува на екстремните услови.

           

Во селото Свето Тодори ги посетивме нашите шампиони за оваа година, семејството кое употреби вкупно 9 тона Тераграмин на своите ниви за тутун. Најпрво Тодор почна со 1 тон, а потоа неговиот брат Пецо со 8 тона. Задоволни од тутунот, кој го произведоа оваа година не однесоа на нива. Трајанка, сопругата на Пецо , не воодушеви со нејзината енергија. Тутунот и беше нанижан до перфекција, како гердан. Таа со своите 67 години, не застанува и вредно му помага на својот сопруг. За три дена на терен, откривме толку многу светли примери во оваа наша Пелагонија, кои не можеме да ги прикажеме одеднаш!

                         

Пролетта согласно можностите, поради вонредните околности, во нашата кампања за ефектите од употребата на Тераграмин кај пиперката и тутунот кај расадот и потоа на нива, опфативме околу 30-тина села, главно во општина Могила. Уште оваа есен, ќе започнеме со посетување на селата во општините во Пелагонија, повеќе од двесте на број. Сите заинтересирани, кои ќе сакаат да се сретнат лично со нас, можат да не контактираат преку Зелена Берза. Подготовките кои ќе ги направиме за идната сезона, преку едукација на земјоделците за правилно производство на расад со Тераграмин, сметаме дека ќе ги охрабрат и останатите земјоделци и тие да аплицираат Тераграмин на нива и да го видат бенефитот. Веќе има такви сигнали од теренот!

 

 

 

 

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close