Ајдучката трева има многу пријатен мирис.
Ситните цветови се собрани во еден цвет кој се наоѓа на врвот на стеблото.
Може да се сретне во полјаните, ливадите, шумите, влажните и суви терени, па и покрај патиштата со медитеранско – континентална клима. Таа има жолти или бели цветови кои цветаат од јуни до август.
Се бере за време на цветањето, а листовите се берат до есен. Најчесто се користи цветот кој содржи 1% етерично масло, влавоноиди, витамин К, горчлива материја – ахилеин, хамазулен смола, танини и др.
Главната сезона на берење е во јули и во август. Хамазуленот е многу ценета состојка на скапите кремови и масла за сончање. Дејствува против воспаленија на слузокожа и кожа.
Ајдучката трева се користи уште одамна во народната медицина, а е омилено лековито средство и во современата медицина. Најчесто се употребува кај желудечно-цревните заболувања, при грозница, зголемен крвен притисок, како средство за сопирање на крварењето, при мозочни и срцеви тромбози.
Освен тоа таа претставува и антибактериско средство. Се користи и за зараснување на раните и за намалување на болката за прочистување на организмот, за зголемено излачување на жолчна киселина, за нормализирање на метаболизмот и за смирување. Поради присуството на витамин Ц, се дава при крварење и при хемороиди.
извори:градина