fbpx
ВестиВино

„Тиквеш“ прераснува во светски бренд

Директорот на винарницата „Тиквеш“, Игор Илиевски, вели дека компанијата инвестира во технологија, опрема и луѓе. Моментно врвните вина на „Тиквеш“ се продаваат во 30 држави, што зафаќа околу 60 отсто од годишното производство.

tikvesh prerasnuva so svetski brend

 

„’Тиквеш‘ прераснува во светски бренд. Одлична работа направивме со пробив на американскиот пазар. Успеавме да воспоставиме соработка не само со луѓе од македонската дијаспора, туку и со врвни американски компании. Вината на ’Тиквеш’ се продаваат во 44 држави во САД. Очекувам до 2017 година извозот на вино на овој голем пазар да се искачи на над 1 милион долари. За винарницата и Кина е интересен пазар. Разработуваме повеќе модели за работа и за поофанзивно освојување на кинескиот пазар“, вели Илиевски во интервју за босанскиот „Еуроменаџер“.

Тој додава дека винарницата има амбициозни планови што ќе влијаат врз целокупниот развој на компанијата. „Со години го скенираме развојот на винарството во регионот. Сметаме дека сите аквизиции се отворени за да се искористат предностите што ги нуди регионот, Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина“, вели Илиевски. Повод за интервјуто во хрватскиот магазин е наградата што ја доби Илиевски за најменаџер на годината, а „Тиквеш“ беше прогласена за најкомпанија на годината, од страна на регионалната канцеларија за Југоисточна и Средна Европа на Европското здружение на менаџери и списанието „Еуроменаџер“. „Ова е големо признание за нашите досегашни конкретни остварувања во сите сегменти од работењето, но добро знам дека тоа е и нова обврска за создавање уште повеќе. Ние во ’Тиквеш’ во новите предизвици и признанија гледаме нови можности за афирмација на колективните и поединечните вредности во регионот и надвор од него“, вели Илиевски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close