fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Гошаревски: Одговорност за спас на езерото мора да имаме сите

Во големата сала во општина Ресен во тек е трибина “Предизвиците во управувањето со Споменикот на природата Преспанско езеро“ на која учествуваат, градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, претставници на научни институции и претставници на невладиниот сектор.

– Сите сме свесни дека проблемот со повлекувањето на Преспанското Езеро, не е од сега и дека се провлекува низ годините без никој да му го даде значењето кое што му е потребно.

Ние како локална самоуправа, имаме доволно храброст да се соочиме со овој проблем и затоа денес ја организираме оваа јавна трибина за спас на Преспанското Езерото.

Во изминатиов период, Општина Ресен презеде сет мерки и активности за заштита на Споменикот на природата, Преспанското Езеро.

Одговорност за спас на езерото мора да имаме сите, а тоа ќе го постигнеме само со внатрешна кохезија и заеднички изграден став, но, и координација со нашите соседи со кои што го делиме Преспанското Езеро.

Координацијата и усогласеноста најнапред треба да ја изградиме во нашата држава а потоа со нашите соседи. Само со заеднички изграден став и со заедничко делување можеме да пристапиме кон решавање на овој голем проблем, истакна во своето обраќање  Живко Гошаревски, градоначалник на општина Ресен.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close