fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Плодоред во поледелството

Плодоредот претставува план за искористување на вегетационата средина(почвата), со одгледување на растенија со одреден редослед, како по време така и по простор.

По пат на плодоредот, вегетационата средина, надворешните фактори кои ја
сочинуваат таа средина се користат подобро, зашто со менување на културите се
користат биолошките разлики меѓу одделни групи на култури. Не може да има
плодоред ако во него културите не се менуваат по време и простор.

Секој плодоред мора да опфаќа барем два елементи, без кои нее плодоред а тие се:
-плодосмена и
-полесмена.

Плодосмената е менување на културите по време, а полесмената е менување по
простор. Од ова произлегува дека плодоредот мора да е комбиниран од плодосмена и
полесмена, каде менувањето на културите оди како по време така и по простор.
Времето низ кое една култура од плодоредот ги поминува сите парцели се вика
ротација. По правило една ротација трае толкав период колку што е бројот на
културите.

Уште поодамна со искуство е видено дека, ако една иста култура повеќе години се
одгледува на исто место (монокултура) приносот опаѓа. Причините при
одгледувањето во монокултура при што доаѓа до опаѓање на приносот има повеќе.
Најчесто се смета дека една од примарните причини е таа што една иста култура ако
се одгледува на стално место се јавува штетно влијание на материите што ги лачи
коренот од таа култура. Тие материи од една култура имаат негативно или штетно
влијание на самата култура во наредната година. Друга причина е што секоја култура
различно влиае на:

– структурата на почвата,
– осиромашување на почвата со органска материја,
– различно користење на минералните елементи,
– различен однос во користење на влага како и
– зголемена појава на болести, штетници и плевели.

Структурата на почвата и обогатувањето на почвата со органски материи познато е
дека некои култури влијаат на расипување на структурата , а други имаат способност да
ја подобруваат. Со менување на културите како биолошко средство без други мерки
може да се одржува плодноста на почвата.

До колку се одгледуваат во монокултура заради еднострано користење на
хранливите материи постои опасност, постепено доаѓа до осиромашување на почвата
во некои елемнти, додека со плодоредот заради разликите во користењето на
хранливите елементи се одржува рамнотежа на минералните материи во почвата.
Потребата на растенијата за вода како причина за менување на културите,
оправдана е само во аридните и семиаридните услови. Резервите на вода во почвата
после жетвата на предкултурата особено се важни за озимите посеви, бидеќи
влажноста на почвата влијае на квалитетот на обработката на почвата и никнењето.
Големи потрошувачи на вода се касните предкултури, кои ја црпат скоро цела
количина на достапна вода

Значаен фактор на кој влијае плодоредот е заплевеноста. Монокултурата редовно
носи интензивно заплевување. Тоа доаѓа од таму што плевелите со одредена култура
прават растителна заедница, каде повеќето видови плевели се специјализирани за таа
група на култури. Пример одредена група плевели е специјализирана за житни култури
и тие својот развој го имаат прилагодено кон развојот на житата. Тие никнуваат на есен
или напролет а развојот го завршуваат кога зреат житните култури. Ако житнта култура
се одгледува повеќе години на исто место нема биолошки фактори што ќе го
редуцираат поинтензивното јавување на овие плевели.

Кај окопните култури во пролет
доминираат плевелите кои никнат касно напролет и нивниот развој до есен. Ако
постои смена на културите плевелите од предходната култура не опстојуваат во
окопните, затоа што никнат во есен или напролет и се уништуваат со обработката.
Со често враќање на ист посев на исто поле, почвата се обогатува со специјални
микроорганизми од кои многу се патогени и предизвикуваат појава таканаречена
плодородни болести. Тука најчесто се работи за познати растителни болести како што
се болестите на долниот дел на стеблото, нематодите и др., чија појава секогаш може
да се поврзе со погрешната смена на културите.

Основните правила во плодоредот се:
-Културите со длабок коренов ситем треба да се одгледуваат после оние со
плиток, за да се одржи добра структура,
-Да се менуваат културите кои произведуваат мала и голема биомаса на корен,
-Менување на културите кои го фиксираат азотот од атмосверата, со оние кои го
трошат,
-Да се менуваат лиснатите и коренастите култури со житарици, за да се намали
заплевеноста на посевот,
-До колку постои опасност од зараза на одредени растителни болести или
штетници, треба да се избегнува сеидба на култури кои се осетливи на нив. Овде треба
да се почитува правилото за минимален број на години по кои некоја култура може
повторно да дојде на исто место.

При составувањето на плодоредот треба да
се има во предвид толеранцијата на културата
за повторно одгледување на исто место. Меѓу
културите кои имаат поголема толеранција на
повторно одгледување на исто место се: пченката, оризот, ржта, компирот и други.
Нетолерантни се шеќерната и добиточната
репа бидеќи се шираат болести и штетници,
како и црвената детелина, луцерката, грашок,
граор, сончоглед. Покрај овој принцип има
правило за културите во плодоредот.

По повеќегодишните легуминозни култури кои ја
богатат почвата со азот, ја подобруваат структурата, по правило треба да дојдат
културиу кои бараат висока плодност како што е пченката, но не се препорачуваат
житни култури затоа што полегнуваат. Треба да се менуваат житните култури со
окопните но не се препорачува одгледување жито по жито или окопна по окопна.
M-р Цветан Јовановски

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close