fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Моќен домашен напиток со кој брзо ќе го зајакнете имунитетот во студените денови

Лошите навики во исхраната, брзото темпо на живот и неквалитетниот го спречуваат правилното функционирање на имунолошкиот систем. Сите овие навики лошо влијаат на организмот и можат да предизвикаат разни здравствени проблеми.

Токму за оваа цел денес ви откривам лесен, но неверојатно ефикасен домашен рецепт, благодарение на кој супер брзо ќе го зајакнете вашиот имунитет! Станува збор за домашен напиток со јаболков оцет, лимон и мед.

Сите состојки на овој лековит пијалок имаат антимикробно дејство и содржат висок процент на витамини, минерали и други хранливи материи. Антиоксидантните супстанции содржани во состојките на овој пијалок спречуваат воспалителни процеси во организмот, позитивно влијаат на одбранбениот механизам на телото и здравјето на клетките.

Редовното консумирање на овој напиток може да помогне во нормализирање на шеќерот во крвта, одржување на енергијата и регулирање на холестеролот.

Потребни состојки

  • 2 чаши топла вода
  • 2-3 ќесички чај од камилица
  • 30 мл јаболков оцет
  • 30 мл свежо исцеден сок од лимон
  • 1 лажица органски мед

Начин на подготовка

Исипете врела вода врз ќесичките чај од камилица и оставете да отстои 5-10 минути. Прецедете го чајот, а потоа додадете јаболков оцет, сок од лимон и мед. Промешајте го пијалокот и оставете го да се излади. Можете да го пиете веднаш, а можете да го пиете во и текот на целиот ден. Складирајте го напитокот во ладилникот.

Важно: Овој домашен напиток не се препорачува за лица кои имаат гастритис и чувствителен стомак.

Извор: Нане.мк

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close