fbpx
ВестиВиноМакедонијаТоп вести

Винскиот музеј во Кавадарци со јавен повик, се собираат предмети за потребите на институцијата

ЈОУ – Локален вински музеј за регион Тиквеш – Кавадарци информира дека продолжува со собирање на предмети од правни и физички лица за потребите на институцијата.

-Целта на овој јавен повик е да се запознаат правните и физички лица од општина Кавадарци и поширокиот регион, кои чуваат предмети поврзани со преработка и складирање на вино и ракија , од крајот на XIX и почетокот на XX век, да ги отстапат предметите за потребите на новиот Локален вински музеј од регионален карактер, велат од Музејот.

Оттаму ги повикуваат сите правни и физички лица на регионот на Тиквешијата да дадат свој придонес во реализацијата за ентериерното уредување на музејската поставка со нивни лични предмети.

-Традиционални предмети од покуќнина за винската поставка. Бакарни садови и предмети како на пример садови за послужување, пехари,сетови за алкохол и слично, садови за течност, предмети за занаетчиско-трговска намена. Дрвени предмети, предмети за носење и чување течности, за вино и ракија. Предмети за обработка на лозови насади: средновековно рало, мотика, гижа, дикел и слично. Предмети за заштита во лозарството како прскалица, сумпурица и слично. Керамички садови и предмети работени на грнчарско колце, садови за послужување и садови за течност. Порцелански и стаклени садови, садови за течност: стаклени билници, чаши, сетови за алкохол и слично. Мерни инструменти за мерење на јачина на алкохолот во виното и ракијата: алкометар, широмерач, појаснуваат од Музејот. /МИА

 

Слични написи

Back to top button
Close