fbpx
ВестиВино

„Гранд куве“ на „Домен Лепово“ прогласено за светски шампион меѓу црвените вина

Македонското вино „Гранд Куве“на бутик винарницата „Домен Лепово“ од бербата го потврди своето високо реноме понесувајќи ја титулата „Светски шампион“ во категоријата црвени суви вина на 58. меѓународен вински натпревар „Вино Љубљана 2016“. Ова вино, кое е дел од портфолиото на премиум винарницата „Домен Лепово“, е издвоено како светски шампион меѓу 412 вина од 21 земја што учествуваа на годинешната интернационална винска смотра на најдобрите, која традиционално се одржува во Љубљана.

grand kuve na domen lepovo proglaseno za svetski shampion megju crvenite vina

 

Премиум винарницата „Домен Лепово“ во своето портфолио има три бренда: „Шардоне“ кое се појави на пазарот во година, „Пино Ноар“ и „Гранд Куве“ кои се појавија на пазарот во 2015 година. „Вино Љубљана“ е вински натпревар пгго се одржува уште од далечната 1955 година и спаѓа меѓу десетте водечки светски вински натпревари. Годинешната селекција на најдобри вина ја направија 40 дегустатори од 14 земји, меѓу кои и од Македонија, според правилата на Меѓународната организација за вино (OIV) и Меѓународната асоцијација на енолози (UIE) од Париз, Франција.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close