fbpx
ВестиДвор и градинаМакедонијаСоветиТоп вести

Мери Мрмачовска – бидете позитивни и размислувајте зелено

Есента е одличен период за засадување на зимзелени  садници и средување на дворните површини. Под слоганот размислувај зелено „Грин гарден центар“ од Могила  со цел да биде поблиску до потрошувачите отвори нов продажен центар на влезот на Битола со богата понуда на најразлични зимзелени садници и саксиско цвеќе.

 

Во период кога сите го чувствуваат влијанието на Корона кризата, хортикултурата е дејност која е во подем. Сопружниците Мери и Вецко Мрмачовски веќе неколку години го развиваат својот семеен бизнис со производство на зимзелени садници. Со цел да им излезат во пресрет на потрошувачите и „Грин гарден центарот“ полесно да одговори на нивните барања отворија нов продажен салон на влезот на Битола. Сопружниците Мрмачовски велат дека повеќе годишниот ентузијазам и љубов  кон цвеќињата вроди плод и стануваат сè повеќе барани на овие простори. Малку по малку луѓето ги менуваат навиките, се осврнуваат на себе и својата околина.

  

– Економската криза ги погоди сите. Оваа година  повеќето граѓани си дозволија други работи кои ги немале порано видено или направено. Ние не ја чувствуваме многу, напротив нашиот бизнис не беше погоден туку и се разви. Луѓето почнаа од градот да одат во селата да купуваат викендици и да ги уредуваат дворовите, па и во становите да  си прават цветна градина. Со цел да им излеземе во пресрет и да бидеме поблиску до  нив отворивме нов продажен салон на влезот на Битола, вели Мери Мрмачовска.

Бизнисот го почнале пред 6 години, прво како хоби за да почнат да размислуваат посериозно и она што го виделе во странство да го направат овде. Со многу труд и посветеност успеале нивната работа да им биде се повеќе барана.

– Долги години се занимававме со производство на зимзелени садници и уредување на дворови. Наша главна занимација се зимзелени  и   декоративни садници во разни бои. За оние со префинет вкус и што сакаат собни растенија имаме и салонско цвеќе.  Го комбинираме во уникатни саксии од различни производители, а секако  нудиме и надворешно цвеќе за уредување на дворовите. Секоја сезона нудиме ново цвеќе. Секоја сезона е различна. Во овој период ги нудиме есенските бои и мотиви, периодот  е најповолен за садење зимзелени садници. Покрај саден материјал ние нудиме и  други услуги како хортикултурно уредување на дворови и други јавни површини. Комплетна декорација на површини со правење форми на садниците и користење на украсни камчиња и кора во различни бои, објаснува Мрмачовска.

 

      

      

 

 

Покрај разните видови на зимзелени садници во „Грин гарден центарот“ може да се најдат и разни видови саксиско цвеќе како и многу егзотични растенија. Како што велат од овој центар, на своите муштерии им стојат на располагање и со секакви совети околу самото одржување на растенијата.

Радува фактот што љубовта кон цвеќињата може да се забележи не само кај жените, туку и кај мажите кои се чести муштерии во центарот, вели Мери. Тие се добри познавачи и кога ќе дојдат знаат што сакаат. А посебно се за поздравување децата. Доаѓаат и ги бараат малите кактуси и други сукуленти, стануваат колекционери на кактуси. Добро е кога  од мали нозе ја негуваат љубовта кон цвеќињата и природата, додава таа.

Освен сопствено производство на зимзелени садници, набавуваат  и  егзотични садници и најразлични видови на цвеќе кое дел го увезуваат од Холандија, а дел од нивните соработници низ Македонија.

Постојано учење и надградување и воведување на новини е основата за успех на „Грин гарден Центар“. Посетата на саеми е само можност да научат нешто ново и да имплементираат на овие простори. Порачуваат на  муштериите, „ купувањето нека ви биде уживање, бидете позитивни и размислувајте зелено“.

Сакаат нашата околина да биде позелена и посакуваат во идниот период да бидат дел од зазеленувањето на само на Битола туку и пошироко.

Павлина Јовановска

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close