fbpx
ВестиВино

Црвено или бело вино?

Дали е добро да пиеме вино?

Се што е во умерени граници е добро. Нормално дека никој нема да ви препорача да испиете цело шише вино.

Една чаша за време на ручек се препорачува дури и за помладите. Зошто?

crveno ili belo vino

 

Црвено вино за здраво срце.

Нашите баби и дедовци и родители, до ден денес, практикуваат да се напијат чаша црвено вино за време на ручек. Ако ги прашате зошто – ќе ви кажат за здравје.

Алкохолот и одредени супстанци во црвеното вино, познати како антиоксиданси, имаат позитивен ефект на артериите. Тие го одржуваат холестеролот во нормално ниво и ги штитат срцевите артерии од оштетување. Затоа се смета дека една чашка има добро влијание врз срцето.

Бело вино за помалку нервоза.

Белото грозје е посиромашно со феноли, и содржи помал процент на калиум и калциум. Сепак тоа се смета за одличен лек за оние кои имаат проблеми со нервите. Ако сакате помалку нервоза и опуштеност- една чашка бело вино не е на одмет.

Нема штета ако го консумирате во ограничени количини.

Затоа запомнете: во мали количини и со голема доза на уживање!

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close