Вести
Грција ја тужи Чешка за јогурт
Грција до Европската комисија поднела жалба поради тоа што Чешка продава свој јогурт под името „грчко”, јави дописникот на МИА од Прага.
Според грчките власти, споменатиот јогурт е продукт типичен за Грција и сметаат дека означувањето на чешкиот производ со името „грчки” ги доведува потрошувачите во заблуда.
Во писмото упатено до Европската комисија, грчкиот министер за рурален развој и прехранбени производи Евангелос Апостолу вели дека „терминот ‘грчки јогурт’ е погрешен и не ја одразува реалноста, бидејќи наведува на конкретна земја на потекло Грција, на која производот и го должи својот углед”.