fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Средба на министерот Хоџа со државната министерка за обезбедување храна и вода на Обединетите Арапски Емирати, Н.Е. Mariam Al-Muhairi

На средбата се потенцираше одличната политичка соработка меѓу двете пријателски земји и големиот потенцијал за унапредување на трговската размена со земјоделско - прехранбени производи за кои нашата земја, како што истакна министерот Хоџа има извонредни климатски услови и нуди можности за инвестиции на заинтересираните компании на ОАЕ присутни на европскиот и пазарите во регионот.

 

На денешната средба со државната министерка за обезбедување храна и вода на Обединетите Арапски Емирати, Н.Е. Mariam Al-Muhairi се договорија конкретните чекори кои ќе ги преземат двете страни, со цел да се унапреди економската соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството и производството на храна, е објавено на ФБ профилот на Министерството за земјоделство.

 

На средбата се потенцираше одличната политичка соработка меѓу двете пријателски земји и големиот потенцијал за унапредување на трговската размена со земјоделско – прехранбени производи за кои нашата земја, како што истакна министерот Хоџа има извонредни климатски услови и нуди можности за инвестиции на заинтересираните компании на ОАЕ присутни на европскиот и пазарите во регионот.

 

Министерката Al-Muhairi истакна дека новата Национална стратегија за обезбедување храна на ОАЕ предвидува одржливо производство на храна, со примена на современа технологија и прилагодување кон животната средина, но природните услови за земјоделско производство се неповолни за сопствено производство што особено е потенцирано во услови на глобална криза предизвикана од вирусот Covid-19, бидејќи оваа земја увезува околу 90% од храната што ја консумира.

Министерот истакна дека отворањето нови пазари за нас е многу важно и создава нови можности за нашите компании од земјоделско-прехранбениот сектор кои се заинтересирани за пласман на своите производи на пазарите во земјите од Блискиот исток.

На средбата беше договорена рамка на соработка, на која ќе работат технички тимови од двете земји, и веќе во наредните денови ќе се разменат конкретни информации и податоци како основа за интензивна соработка од взаемен интерес, објавено е на ФБ профилот на МЗШВ.

 

Слични написи

Back to top button
Close