Производителите на свинско месо против предлозите за целосно ослободување од царини за увоз
Производителите на свинско месо се против предлозите на преработувачката месна индустрија за целосно ослободување на увозот на смрзнато свинско месо од царинските давачки.
На тој начин месната индустрија нема да има интерес да почне дел од потребното месо за преработката наместо да го увезува да почне да го набавува од домапшните производители и со тоа да помогне и во намалување на одливот на девизи и да помогне во продолжување на растот на овој сектор кој е еден од ретките во земјдоелството кој бележи позитивни резултати
Освен заканите од намалена продажба на месо заради корона кризата секторот за производство на свежо домашно месо стравува и од опасноста од појавата и ширењето на африканската свинска чума. Во Германија каде се рашири оваа болест сега има вишоци на месо кои се закана за цената и опстанокот на домашните фарми
И науката е на иста страна со производителите дека е потребно државата да презема мерки да ја задржи својата суровинска сувереност особено во вакви услови на пандемија и затворање на граници.
Македонија последните десетина години со порастот на домашното производството целосно ги задоволува сопствените потреби од свежо месо за пазарите додека во седум годишната развојна стратегија планира да замени до 30% од потребите за увозно смрзнато месо
Извор: Канал 5