fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Се чисти коритото на Црн Дрим

Багери, механизација, офанзива на терен. Коритото на реката Црн Дрим веќе втора недела наликува на градилиште а сликата од пресушеното дно со денови предизвикува големо внимание во јавноста.

Но, вистината на терен е дека за првпат од изградбата коритото на Дрим се чисти од талогот и штетните наноси натрупани со години.Стружани позитивно реагираат и го поздравуваат чистењето.

Чистењето на Дрим се одвива во две фази, во првата фаза се чистеше устието кај истекот од Охридското Езеро, а втората го опфаќа течението во центарот до излезот кај Општата болница.

Проектот се спроведува преку Програмата за развој на ООН -УНДП, во соработка со Министерството за животна средина и ресорните државни институции

Проектниот менаџер информира дека се чисти регулирано корито во должина од 765 метри, а се очекуваат да се извадат околу 14.000 кубни метри нанос. Хидролозите и биолозите не очекуваат негативни влијанија врз биодиверзитетот.

Извор:24.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close