Реконструкција на патниот правец Новаци – Маково
Со инвестиција вредна 11 милиони денари се реконструира патниот правец Новаци - Маково во должина од 2,5 км
Јавното претпријатие за државни патишта започна со рехабилитација на регионалниот пат Новаци –Маково во должина од 2.5км. Вкупната вредност на инвестицијата е 11 милиони денари. Како што информираат од општина Новаци, средствата се обезбедени од Влада на Република Северна Македонија преку Јавното претпријатие за државни патишта. Изведувач на градежните активности е ЈП Македонија пат .
-Рехабилитацијата се состои од надградба на коловоз во деловите од регионалниот пат кој е најоштетен и ќе се одвива во две фази .Првата фаза е веќе во тек а со втората фаза ќе се продолжи во наредната година.
Со завршување на првата фаза во текот на месец Ноември градежните активности ќе продолжат со рехабилитација на патниот правец Бач-Гермијан –Кременица.
Со рехабилитацијата на овие два патни правци ќе се обезбеди нормално и безбедно одвивање на сообраќајот како и квалитетна патна инфраструктура, велат од општина Новаци.
Реконструкцијата на овие патни правци е од големо значење за поврзување на Битола и Новаци со Мариово. Со ова ќе се овозможи враќање на иселеното население од овој крај во своите родни огништа и развој на рурален туризам. Вложувањето во патната инфраструктура се дел од заложбите на општина Новаци во подобрување на условите за живот во селата од оваа општина.
П.Ј.