Вести
Егзотичното растение кивано расте во Прилеп
Прилепчанецот Марјанчо Дамески, по препорака од пријатели во Америка, лани за прв пат започнал да го одгледува егзотичното растение „кивано”, кое е далечен предок на лубеницата и дињата, и има неверојатно многу лековити својства против бројни заболувања, меѓу кои и канцерогените.
Родителите на Марјан биле првите кои го примениле, но и ги почувствувале благопријатните здравствени ефекти од ова чудесно растение.
Дамески, засега растението го одгледуваат во помали количини, иако интересот е многу голем. Но, како што вели Марјанчо, со оглед на поволните услови за одгледување кои ги има во прилепско, не ја исклучува можноста да го зголемат производството и да побараат негов пласман.