fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Органски прехранбени производи добија матичните лекари во Струга Органски прехранбени производи добија матичните лекари во Струга | opserver.mk

– Органски производи, путери од лешник, лешник со мед, чоко и кралски намази, печен и свеж лешник добија матичните лекари во општина Струга. Станува збор за донација од компанијата Нелкоски ограник фуд.
– Ова е мал гест од наша страна со кој сакаме да им изразиме почит и благодарност на лекарите, кои се на прва линија во борбата против Ковид – 19. Веруваме дека ова ќе им покаже дека има многу луѓе и компании, кои ја ценат нивната посветеност и жртва за доброто на граѓаните. Треба многу повеќе да се придонесе за матичните, а и за сите лекари, кои секојдневно се соочуваат со предизвици во ова тешко време, истакна директорот на компанијата, Бошко Нелкоски. Според него, редовното конзумирање лешници може да го продолжи животниот век за 20 проценти. – Сепак, тоа што најмногу фасцинира е неговата улога како храна на умот. И токму оттаму произлезе ЗАУМ-компанија која произведува премиум органски лешници, како и уникатен путер од лешник, и путер со лешник и мед, посочи Нелкоски. Производите ЗАУМ имаат ЕУ органски и Био Свис сертификат, кој е наменет за Швајцарскиот пазар. Компанијата најчесто произведува за извоз и тоа во Австрија, Германија, Швајцарија, Австралија и моментално се подготвуваме за прв извоз во Данска. Покрај во поголемите маркети во земјава може да се купат он лајн на https://shop.zaumorganic.com .
Органски прехранбени производи добија матичните лекари во Струга | opserver.mk

Слични написи

Back to top button
Close