Прскање против комарци во Ресен
Центарот за јавно здравје – Битола денеска и утре ќе спроведе теристичка дезинсекција во општина Ресен.
Запрашувањето, како што соопшти Центарот, ќе се врши од 20 часот за уништување на комарците. Ќе се реализира со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило, со предходница од друго возило означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, крајбрежното подрачје со посебен осврт на туристичките локалитети: Стење, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и селата Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово, Наколец, течението на реките Брајчинска, Кранска, Голема Река и колекторскиот систем во село Езерани, подрачјата околу каналниот систем на територијата на oпштина Ресен, локалитети со застојни водени површини и сите урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, се вели во информацијата од Центарот за јавно здравје – Битола.
Оттаму препорачуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.