Монсанто – кој стои зад новиот светски поредок и ја труе храната со рак
Научното списание Lancet излезе со извештај на Меѓународната агенција за истражување на ракот кое гласи: Една корпорација во последните 15-20 години ги труе луѓето, воздухот и земјата со рак. И тоа е Монсанто.
Митот за новиот светски поредок, во кој се наведува дека тајните општества имаат за цел да завладеат со светот и да го намалат бројот на луѓето на планетата, идеално се вклопува со фактот дека оваа корпорација денес сее рак. И тоа не е наша измислица-Светската здравствена организација неодамна објави дека глифозатот на Монсанто предизвикува рак.
Кои се Монсанто?
Нема сомневање дека сте слушнале за името на компанијата, чија дејност е поврзана со производството на најголем број ГМО храна во целиот свет. И нешто повеќе, таа го држи светскиот пазар за семе, кој го контролира семето и храната во целиот свет.
Монсанто е основана во 1901 година како компанија за хемикалии, пестициди и други високо токсични материи. Компанијата е позната и по тоа што произведува хормон за раст од геномодифицирани организми, под името rBGH, кои беа продадени со брендот “Posilac”. Тие беа забранети во Европа, бидејќи ризиците од нив се признати како огромни и исклучително опасни за здравјето на луѓето, а единственото што компанијата го направи беше да ги осуди трговците во САД и Канада, принудувајќи ги да престанат да забележуваат дали една храна содржи rBGH хормони или не.
Последните 10 години компанијата стави рака и врз производството на семе и на тој начин ја стави под контрола храната во целиот свет. ЕУ се обиде да го ограничи влијанието на Монсанто, така што ги наметна ограничувањата на содржината на супстанцијата глифосат во производството на житни култури, но по некое време максимално дозволените дози од содржината на глифосат почна да ги зголемува, што е доста загрижувачко.
Во Аргентина дневната потрошувачка на глифосат е астрономска. Површините погодени од неговата употреба достигнуваат неверојатни 200 милиони хектари житни годишно. Резултатите се заболување од рак, деформации, стерилизација, генетски болести кои го шокираат светот, а никој не обрнува внимание на проблемот.