900 милиони денари помош за земјоделството
Владата на МКД се одобри 900 милиони денари, дополнителни финансиски средства за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година. Овие средства ќе бидат наменети за да се исплатат финансиски средства за заостанати обврски од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и тоа за:
– предено млеко кај регистрирани откупувачи и тоа исплата на финансиски средства за период од октомври 2018 година до септември 2019 година,
– предадени овошни култури во преработувачки капацитети,
– предадени градинарски култури во преработувачки капацити,
– финансиска поддршка за органско производство,
– финансиска поддршка за подрачја со ограничени можности,
– исплата на финансиски средства од останатите мерки.
Владата на МКД и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во услови на криза се грижи за своите земјоделци кои се најбитна алка во процесот на обезбедување на храна и развој на економијата.