Вести
Праските од Росоман и годинава ќе завршат на пазарите на Источна Европа
Росоманската праска и годинава заминува на пазарите во земјите од Источна Европа. Најголем дел од производството е наменето за извоз во Русија, Белорусија, Полска. Се очекува да се извезат над 500 тони праски. Продажната цена се движи по околу 20 денари за килограм.
Од општина Росоман велат дека инвестирањето во изградба на локалната патна мрежа е главен услов да се зачува квалитетот на произведената праска. Поради ова, наскоро ќе почне изградбата на патот кон Сирково. Во иднина е предвидено овде да се прави откупот на праски.
Според статистиката, во Росоман годишно се произведуваат околу 10.000 тони праски, ова е 1% од вкупното производство на праски во светот.