fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

И официјално стартуваше  откупот на тутун

Секој откуп е важен бидејќи од тоа зависи заработката на земјоделците, важно е која класа ќе помине тутунот, важно е да има реална проценка и да се почитуваат договорите

Тутунски Комбинат АД Прилеп, денеска започна со откуп на тутун од овогодинешната реколта. Со тоа и официјално е означен стартот на откупот на тутунот во Република Северна Македонија.

Министерот Хоџа заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски и директорот на Тутунски Комбинат АД Прилеп, Кире Станкоски, извршија увид во текот на активностите за откуп, кои се одвиваат со засилени мерки за заштита на здравјето на сите кои се вклучени во овој процес.

Секој откуп е важен бидејќи од тоа зависи заработката на земјоделците, важно е која класа ќе помине тутунот, важно е да има реална проценка и да се почитуваат договорите. Но, откупот годинава е специфичен поради пандемијата со Корона вирусот кој може, технички да го доведе во прашање целокупниот откуп и затоа ќе се спроведува со високо ниво на заштита, со почитување на сите мерки и протоколи согласно насоките на Владата на РСМ.

 

-Ова е втора компанија која го почнува откупот. Дојдени сме да видиме како се одвива откупниот процес. Сѐ уште е почеток и реално, очекуваме дека нема да има поголеми проблеми со откупот. Рано е да говориме за некаква процена, но очекуваме да биде во најдобар ред. Имав повеќе состаноци со откупувачите и со Земјоделските здруженија. Засега два откупни центри го почнаа откупот. Средствата се обезбедени и тоа што е договорено нема да остане неоткупено. Сакаме сѐ да помине во најдобар ред, посебно да се запазат сите мерки за заштита за да не дојде до затворање на цел откупен пункт. Ќе се следи ситуацијата. Не би сакал пораката во почетокот на откупот да биде негативна. Да почекаме како ќе се одвива, па да преземеме мерки доколку има проблеми, изјави  Министерот Хоџа.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close