fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Вклучување на мечкиното грозје во листата на заштитени видови

Што поскоро мечкиното грозје да биде вклучено во листата на заштитени видови, да се подобрат прописите со кои се уредува неговото користење и да се лиценцираат собирачите на сите наоѓалишта, се дел од препораките што произлегоа од двегодишниот проект за заштита на диви видови растенија кои се собираат за трговски цели. Проектот го спроведуваше Фондацијата „Информација и заштита на природата” во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за животна средина на ОН, а во текот на минатата и оваа година беа спроведени низа активности со помош на експерти од Бугарија. На денешната онлајн дебата на која беа презентирани резултатите од истражувањето беше посочено дека треба да се зголемат познавањата за мечкиното грозје и неговата важност, да се применуваат правилата за одржлива употреба и техниките за собирање, но истовремено на терен да се зајакне контролата за примена на правилата.

Поради недостаток на информации и статистички податоци за овој вид, препораката е да се подобри системот на информации за собрани и преработени количини и  да се зајакне административното работење со поголема размена на информации меѓу институциите.

Мечкиното грозје е едно од највредните диви растенија за природата и за локалната економија. Единствено кај нас не е опфатен во Листата на строго заштитени диви видови и не е под забрана за собирање, додека во сите земји собирањето на мечкиното гројзе е забрането за комерцијални цели.

Видот е потврден на осум локалитети во државава од кои само на пет се собира интензивно. Наоѓалишатата се на тешко достапни места, а најмногу го има на Јакупица, Кожуф и Ниџе. Најдобро е да се собира во периодот август, септември и октомври поради тоа што во овој период има најголема концентрација на лековити својства.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close