fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Да се внимава на заштитата на земјоделските култури во зимските денови, апелираат агрономите

Периодот на суво време без врнежи и ниски температури  не се одразува поволно врз веќе посеаните есенски култури. Во наредниот период  не се очекуваат врнежи а температурите на воздухот ќе опаѓаат и според синоптичарите ќе се движат утринските од  -1 до -6 , а дневните од 5 до 10 степени. Настапува период кога се намалуваат активностите на земјоделците на отворено, но тоа не значи дека нема никакви активности. Овој период овоштарите треба да го искористат за активности во овоштарникот поврзани со заштита на садниците, апелираат агрономите.

-Овоштарите може да ги искористат зимските месеци за некои итни зимски заштитни активности. Зимските, а и сите останати третирања против болести и штетници, не би биле доволно ефикасни, доколку физички не се отстранат гнездата во кои презимуваат гасениците или јајцата на штетниците. Кога ќе дозволат временските услови, потребно е да се испрскаат овошките со 2% раствор на бордовска чорба против габични болести и против антракноза и дидимела кај малините и рибизлите. Овошките кои се нападнати од грини, лисни и штитоносни вошки треба да се испрскаат со минерални масла во соодветна концентрација на растворот, а младите овошки да се заштитат од зајаци со соодветни репеленти, советуваат агрономите од Агенцијата за поттикнување на земјоделството .

Во овој период од годината доколку го дозволуваат временските прилики работа има и за градинарите. Се прават плановите за идната сезона и се  подготвува почвата.

-Во овој период почнува наѓубрувањето на леите во оранжериите и во леите во кои се планира подоцна производство на покасни сорти градинарски култури може да се посадат зелена салата и лук. Во деновите кои што се погодни за работа, потребно е да се припреми почвената смеса која што ќе се користи при пресадувањето. Градините треба да се исчистат од остатоците од претходните култури, а поготово од кочаните од доцната зелка, каде што може да презимуваат штетниците кои што се од економска важност. Овај период е соодветен и за ѓубрење со суперфосфати или калиумови ѓубрива, зависно од потребите на почвата, велат експертите.

Во лозарството исто така иако е период кога лозовите садници се во мирување потребно е да се изврши  нивна заштита.

-Потребно е да биде заштитен коренот на лозите за да не настрада од мразот Декември е соодветен месец за реконструкција на конструкциите, за припремање на теренот за подигнување на нов лозов насад, посочуваат експертите.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close