fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Акциски план за надминување на состојбите со намалениот водостој на Преспанското езеро

Итни, среднорочни и долгорочни мерки за надминување на состојбите со намалениот водостој на Преспанското Езеро.

Предвидува анализата и акцискиот план на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) што го усвои Владата на последната седница.

Како што информираа денеска од МЖСП, аналзиата и акцискиот план што ги доставиле до Владата се подготвени од Експертската работна група (ЕРГ) во која биле вклучени актуелните и пензионирани професори, експерти, технички стручни лица од релевантните институции (хидролози, биолози, геолози) кои работеле и работат на оваа проблематика, како и претставници на Македонското еколошко друштво (МЕД) и други експерти кои работат на тематски проекти во преспанскиот регион.

-Бидејќи Планот проектира итни, среднорочни и долгорочни мерки, со дефинирани задолжени институции и субјекти и финансиски импликации, Владата го разгледа Извештајот и ги задолжи сите институции предвидени во Акцискиот план да се произнесат, со цел итно усвојување на Планот и пристапување кон негова реализација во најкус можен рок, велат од МЖСПП.

Во интерес на информирање на јавноста споделуваат пресек на спроведени активности и прогрес во подготовката на планот за надминување на состојбите со намалениот водостој на Преспанското Езеро во рамки на експертската работна група, како и прекуграничната сорботка:

Неформалните средби започнале да се одржуваат на политичко, административно и експертско ниво уште од февруари годинава, при што биле дефинирани чекорите за адресирање на прашањето со Преспанското Езеро на национално и трилатерално ниво. Еден од утврдените чекори на национално ниво беше формирање на експертска работна група што ќе направи пресек на досега изготвените плански документи и спроведени мерки, како и научните анализи за изготвување на акциски план за итни интервентни мерки со финансиска конструкција во најкус можен рок, покрај започнатите процеси со долгорочна перспектива. На 1 октомври е формирана и формално експертската работна група со претставници од релевантните научни институти, универзитети, УХМР, НВО и институции. Тогаш е одржан првиот работен состанок на кој биле формирани две подргупи за работа со тимови од биолози и хидролози.

– ЕРГ ги собра сите изработени и достапни документи и досега спроведени студии за целиот Преспански регион, и ја воспостави рамката за креирање на Акцискиот план врз основа на два главни документа: Стратешката Акциона Програма за Дрим со препорачани активности за управување од март 2020 г. (Програма усвоена од трите земји во рамките на проектот за управување со сливот на Дрим) и Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро, информираат од МЖСПП/

На 9-ти минатиот месец, пак, е одржан третиот работен состанок и воедно последната заедничка средба на целата ЕРГ во полн состав при што беа извлечени клучните задачи за двата тима и закажани посебни средби за нивна фокусирана работа, а ден потоа координаторот на ЕРГ, (помошник раководител на Секторот за води во МЖСПП) одржал средба на техничко ниво и со колегите од Албанија и Грција и биле побарани податоци и сознанија од нивна страна, за чија размена бил договорен следен состанок на 11-ти месецов.

На 23 ноември биле презентирани првите заклучоци и Нацрт акциски план со финансиска конструкција во рамките на ЕРГ и МЖСПП, а на -ви месецов до Владата е доставена на разгледување и усвојување Информација со анализа и акциски план за Преспанското Езеро во која се утврдени фазно сет на мерки, од брзи интервентни, до среднорочни и долгорочни активности, проследени со предлози за финансирање (национален буџет и меѓународни фондови) со цел долготрајно надминување на состојбите со Преспанското Езеро.

Целокупната документацијата за активностите поврзани со надминување на состојбата со намален водостој на Преспанското Езеро се поставува на веб страницата на МЖСПП за увид на јавноста.

извор: Канал5

Слични написи

Back to top button
Close